Во полициската акција уапсен предводникот на криминалните банди од Грчец

Во денешната полициска акција во Грчец бил уапсен озлогласен водач и организатор на повеќе криминални групи кои оперирале во земјава но и надвор од неа, пишува Курир.

Според неофицијални информации тој и неговите соработници биле експерти за продажба на дрога, кражби на возила, лихва и киднапирање бизнисмени.

Уапсените, според неофицијалните информации, живееле премногу луксузно, иако до сега не пријавувале ниту приходи ниту имот.

Од полицијата официјално потврдуваат дека денеска во Грчец се спровела голема полициска акција во која се уапсени повеќе лица, меѓу кои и главниот „водач“ на истата.