Македонија

Во понеделник без струја во Сопиште и Кучевишка бара

Поради закажани техники зафати во електро мрежата, без елчектрична енергија  во понеделник ќе останат следниве потрошувачите од село сопиште и од населбата Кучевишка бара.

Во периодот од 08.00 до 15.00 часот без струја ќе биде дел од село Сопиште, а  во периодот од 08.30 до 15.00 часот улиците „Панче Неделкковски“, „Коста Абрашевиќ“, „Серава“, „Пролетерска“ и ул. „143“ како и ОУ „Цветан Димов“.

Во периодот од 08.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Кучевишка Бара.