Свет

Во понеделник итна седница на Советот за безбедност на ОН поради судирите во Ерусалим, нови жртви

Во понеделник итна седница на Советот за безбедност на ОН поради судирите во Ерусалим, нови жртви

Советот за безбедност при Обединетите нации ќе се сретне на итно заседание во понеделникот на барање на Франција, Шведска и Египет, поради насилствата во Ерусалим, објави во саботата дипломатски извори, додека палестински јавуваат за нови две жртви на Западниот брег (од реката Јордан).

Седницата на Советот за безбедност би требало да биде можност за разгледување на можностите за смирување на тензиите, објави шведскиот амбасадор при светската организација Карл Скау.

Палестинското министерство за здравство објави дека двајца Палестинци загинале во саботата во судирите со израелските безбедносни сили на Западниот брег.

Овој судир доаѓа ден по жестокото насилство кои избувна поради новите израелските безбедносни место на комплексот на џамијата Ал Акса, третото по важност свето за муслиманите кое го нарекуваат Платото на џамијата а Евреите Ридот на храмот во ерусалимскиот Стар град.

Четворица Палестинци беа убиени во петокот во источен Ерусалим од израелскиот безбедносни сили, а на Западниот брег Палестинец закла тројца членови на едно семејство.

Насилствата кои избувнаа откако израелските безбедносни сили поставија детектори за метал на влезните точки на просторот на едно од најсветите места за исламот Платото на џамијата, или како што Евреите го нарекуваат Ридот на храмот во оградениот ерусалимски Стар град.

Палестинците изминатата седмица жестоко го осудуваа поставувањето на детекторите за метал.

Овој простор е сцена на големи тензии откако израелските власти во август 2015 година наметнаа ограничување за влез на палестинските верници во комплексот на џамијата ал-Акса, по инцидент кога милитантни се сокрија во него. Палестинците, пак, стравуваат дека ултраортодоксните Израелци ќе го обноват древниот еврејски храм.