Македонија

Во понеделник Караванот Купи куќа за млади во Битола, Демир Хисар и Ресен

Во понеделник Караванот Купи куќа за млади во Битола, Демир Хисар и Ресен

Во понеделник во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во 17 часот во Битола, во Дом на Култура (мала сала), во Демир Хисар, во Средно училиште „Крсте Петков Мисирков“ и во Ресен во Општина (голема сала).

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.