Во понеделник почнува втората рунда дијалози помеѓу Србија и Косово

Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво ќе продолжи во понеделник по втората пауза, пишува српски „Курир“.

Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини ги повика премиерите на Србија и Косово на нова рунда дијалози помеѓу Белград и Приштина, во понеделник на 9-ти февруари во Брисел.

Дијалогот за нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина на високо ниво ќе продложи во понеделник во Брисел по подолгата пауза, најави Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

– Високата претставничка ќе посредува во разговорот помеѓу премиерот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Иса Мустафа, наведе Коцијанчич во соопштението за медиуми.

Таа наведе дека на дневен ред ќе биде и утврдувањето на напредокот во спроведувањето на бриселскиот договор и размената на мислења за идните чекори во процесот на нормализација.

Коцијанчич потсети дека првата рунда дијалози на високо ниво од април минатата година, по што во Србија и во Косово биле одржани избори кои доведоа до промена на составот на шефовите на делегациите.

Ова ќе биде прва средба на Вучиќ и Мустафа во Брисел и прв пат под покровителство на Могерини, која на крајот на минатата година ја превзема функцијата од Кетрин Ештон.

фото: kurir.rs