вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Во понеделник ректорската управа ќе расправа за случувањата околу изборот на студентски лидер

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска преку соопштение изрази загриженост за случувањата околу изборот на нов студенски лидер.

stojkovski_rektorrr

Поврзани вести

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска преку соопштение изрази загриженост за случувањата околу изборот на нов студенски лидер.

Ректорот во заминување Велимир Стојковски упати писмено соопштение во кое што се наведува дека во понеденик во 8 часот е закажана вонредна седница на Ректорската управа, а од Студентскиот парламент се бара итно детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избори.

Длабоко сум загрижен од информациите кои беа објавени во медиумите за случувањата со студентските избори, кои беа под секое достоинство, како и употреба на полициски сили со оклопни возила во академски студентски избори. Поради тоа, упатувам апел до сите студенти, членови на СПУКМ, членови на Студентскиот пленум, членови на студентски иницијативи и други форми на организирање на студентите, за воздржаност од било какви активности кои дополнително би ја усложниле ситуацијата, што би можело да доведе до сериозни последици од повеќе аспекти, вели Стојковски во соопштението испратено до јавноста.

Притоа се нагласува дека Универзитетскиот сенат на конститутивна седница одржана на 27 јуни формирал комисија за измена на Статутот на УКИМ во делот кој се однесува на студентското организирање.

Најчитани вести