Во понеделник собраниска координација за мандатите на опозицијата

Во понеделник истекува последниот рок за пратениците на опозицијата. Понеделничката координација со спикерот Вељаноски ќе го даде одговорот, дали уште веднаш ќе стартува постапката за одземање на мандатите на пратениците на СДСМ кои 6 месеци не се појавија во Собранието или законодавниот дом и натаму ќе продолжи да тактизира, јавува телевизија Сител.

Доколку постапката биде иницирана од страна на собранискиот спикер, собранискиот секретар е должен да обезбеди список на пратеници кои не присуствувале половина година на седниците, по што Вељаноски ја свикува мандатно-имунитетната комисија која требада донесе препорака за одземање на мандатите. Препораката потоа оди на пленарна седница и по неа, пратениците со двотретинско мнозинство решаваат за секој мандат.

Сител пишува дека во ваква ситуација, ДУИ останува чувар на мандатите на СДСМ ако се има предвид дека извори од Мала Речица брифираат дека интегратвците нема да го стиснат зелениот тастер, со што власта би останала без двотретиснко мнозинство.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека во понеделник ќе има редовна координација но нема информација каква разврска може да се очекува. Сепак  во партијата се свесни дека стартот на постапката за одземање на мндатитеќе значи и крај на можноста за продолжување на преговорите со СДСМ, имајќи предвид дека во таква ситуација, оставките на опозиционерите депонирани уште пред летото, нема да имаат никакво значење па оттука СДСМ нема да може да да ги повлече при евентуален договор со власта.

Во таков развој на настаните никој не отфрла ниту една можност иако  се очекува понеделничката координација да резултира со намалување на платите на пратениците на СДСМ кои од наредниот месец, наместо 1000 ќе земаат 300 евра месечно.

Тоа ќе значи дополнителен притисок врз лидерот Заев кој и сега има проблем со своите пратеници кои јавно го обвинуваат дека нема стратегија  како да ја води партијата. Со нив се согласуваат и политичките аналитичари.

Клековски вели дека целта на СДСМ не е да ги привлече граѓаните да им го дадат гласот, туку да ги натера да гласаат против власта, тактика која скоро 9 години не дава резултати.