Во понеделник терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција (од земја) против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје, ќе се реализира на 31.07.2017 година /понеделник/, во период од 7 до 17 часот. Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени стоечките водни површини во градот Скопје и во неговата околина.

Од Градот информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.