сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Во поплавените подрачја во Косово не е алармантно

kosovo

Поврзани вести

Ситуацијата со поплавите во Косово не е алармантна, изјави синоќа директорот на Центарот за вонредни состојби Махир Хасани, пренесува МИА.

Најголема штета од поплавите била во општините Малишево, Сува Река, Глоговац и Ѓаковица, велат од Центарот за вонредни состојби во Косово, но додаваат дека ситуацијата не е алармантна и оти човечките животи не се загрозени, јави Танјуг.

Одделни медиуми јавија дека материјалната штета врз станбените објекти огромна, а дека дождот блокира голем број патишта и возила и загрози човечки животи.

Хасани вели дека ситуацијата е под контрола и оти Центарот за вонредни состојби и надлежни одделенија во општините соработуваат и имаат план на делување во вакви состојби.

Најчитани вести