Во поплавите во Индија загинале 269 лица (ВИДЕО)

Во поплавите во Индија загинале 269 лица
Во поплавите во Индија загинале 269 лица

Најмалку 269 лица го загубиле животот во поплавите на југот од Индија, додека војската евакуирала повеќе од 2.000 жители.

Поплавите ја погодија јужната држава Тамил Наду, пренесуваат британските медиуми.

Ова е една од најтешките поплави во оваа област во последните 100 години, наведуваат британските медиуми.

Најлошо е погоден градот Ченаи, четвртиот најнаселен град во Индија.

indija

indija1

Индискиот премиер Нарендра Моди, кој за поплавите ги обвини климатските промени, денеска отпатува за Ченаи. Моди вети помош за жителите на Тамил Надуа и изјави дека ќе бидат издвоени 150 милиони долари за обнова на оваа држава, наведуваат британските медиуми.