Во поплавите во Србија исчезнале 789 лица

Оперативниот центар на српското МВР соопшти дека во подрачјата загрозени од поплавите, до сега се пријавени за исчезнати 789 луѓе, од кои засега пронајдени се 215 лица.

„Напомнуваме дека овие бројки не се прецизни поради тоа што повеќе граѓани пријавуваа исчезнување на една личност, со тоа автоматски се зголемува бројот на исчезнати“, велат Српското министерство за внатрешни работи.

Од министерството апелираат лицата кои во меѓувреме се пронајдени а за тоа не ја известиле полицијата, да го сторат тоа најбрзо што можат за да бидат избришани од списокот исчезнати.

„Апелираме до сите граѓани кои пријавиле исчезнато лице, доколку во меѓувреме се пронајдени, за тоа да го известат Оперативниот центар на МВР“, се вели во соопштението на српското МВР.

Во Србија вчера беше прогласена тридневна жалост за загинатите во поплавите, а според досегашните информации загинале 22  лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.