Балкан

Вo поплавите во Србија загинале вкупно 57 лица

Вo поплавите во Србија загинале вкупно 57 лица

Во катастрофалните поплави во Србија во мај годинава загинаа вкупно 57 лица, од кои 23 се удавиле, а биле евакуирани 31.879 граѓани, јави Танјуг.

Ова денеска пред парламентарната комисија за одбрана и внатрешни работи го соопшти државниот секретар во српското МВР, Александар Николиќ.

Парламентарната комисијата го разгледува извештајот на српската Влада за поплавите и мерките за спасување.