Во поплавите во Србија животот го загубиле пет лица

Во поплавите во Србија животот го загубиле пет лица, а над 24 илјади се евакуирани.

Тој нагласи дека официјално е потврдена смртта на пет луѓе, меѓу кои и еден спасувач, а уште еден човек се смета за исчезнат.

Се претпоставува дека таа цифра може да биде повисока, но тоа ќе биде познато откако ќе се намали нивото на водата во поплавените региони. Мариќ додаде дека се поплавени над 2.200 објекти, а уште 1.700 се под закана од поплавување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.