Во последнава недела исчезнале 10 лица во Хрватска

Во Хрватска во последните седум дена пријавено е исчезнување на десет лица, од кои две се малолетни, објави денеска загребскиот весник, „Вечерњи лист“.

Хрватското министерство за внатрешни работи упати апел до сите кои можат да помогнар да се јават во полиција, како и да дадат подетални податоци за исчезнатите кои ќе помогнат во нивното пронаѓање. Податоци за изченатите можат да се најдат и на сајтотна Националната евиденција на изчезнати лица на www.nestali.hr.

Според пишувањето на весникот полицијата трага за Даница Дамјаниќ (31), Силвија Петраќ (27), Анте Симонелиј (41), Даниел Соклич (33), Хрвоје Шелахон (25), Дариа Раделиќ (15), Бранкица Баричевиќ (54), Иван Ивакиќ (16), Кжиштоф Марек Вознаик (32) и Жељко Брковиќ (47).