Балкан

Во последните 24 часа во Грција не пристигнале нови бегалци

Во последните 24 часа во Грција не пристигнале нови бегалци

Според локалната полиција,  пред да влезе во сила договорот за реадмисија, 463 бегалци приситгнале на Лезбос и 208 бегалци на Самос. Сите се сместени во објекти вон пунктовите.

Координативното тело за управување со бегалската криза соопшти дека на територија на Грција денеска има повеќе од 53.000 бегалци и мигрантите.

Сепак, во денешниот извештај на ова тело стои дека од утрово во 7 и 30 часот се регистрирани 68 нови пристигнувања на островите.