Во последните 24 часа во Доњецк погинале 11 цивили

Најмалку 11 цивили погинале, а осум се ранети во последните 24 часа во Доњецк, Украина.

Во соопштението на локалните власти се наведува дека украинската војска пукала со тешко оружје.

„Конфликтите се водени во областите Потровски и Ленински. Во последните 24 часа погинале 11 цивили, а осум се ранети“, се прецизира во соопштението.

Во текот на вчерашниот напад со тешко оружје, погодени се голем број на објекти меѓу кои и седиштето на обвинителството, како и еден универзите.