Во последните 3 месеци од годинава, Владата обезбеди 10.500 работни места

Од први октомври, па се до денеска, Владата на Република Македонија, преку странски директни инвестиции обезбеди 10.500 нови работни места ширум државата.

Инвестициите кои се обезбедени во овие три месеци се во Охрид, Велес, Прилеп, Ранковце, Скопје и Струга.

Интересен е фактот што за нецели 10 дена, премиерот Никола Груевски, преку својот Фејсбук профил објави дури три инвестиции преку кои ќе бидат вработени речиси 2.500 лица во различни делови во државата. Првата радосна вест се однесуваше за прилепчани, каде „Гентерм“ ќе отвори 1.000 работни места. Оваа инвестиција беше објавена на 19-ти декември. Оттогаш следуваше најавата за инвестиција на „Капкон“ во Скопје во која ќе се вработат 400 лица, како и денешната на „Костал“ во Струга во која ќе има повеќе од 1.000 вработувања.

Компаниите кои донесоа одлука да инвестираат во Македонија, во последните три месеци, ќе вложат капитал од повеќе од 720 милиони евра.

Компанијата „ОДВ електрик“ својата инвестиција ја најавија на првиот ден од октомври. Инвестицијата е вредна 15 милиони евра, а предвидени се 1.000 вработувања. „ОДВ електрик“ својата инвестиција ја реализираат во Охрид.

Германската компанија „Маркарт“ инвестира во Велес. Инвестицијата е вредна 35 милиони евра, а ќе бидат вработени 500 лица.

Етанол Јупол Рињуабл, Ирска, ДуПонт, Сад во Македонија инвестираат 250 милиони евра, а во Прилеп ќе се вработат повеќе од 1.000 лица.

Една од најголемите инвестиции во овој период е во Ранковце, каде компанијата „Веибо“ од Турција веќе започна со изграба на фабриката. Во „Веибо“ ќе бидат вработени 5.600 лица, а инвестицијата е вредна 400 милиони евра.

123

Уште 1.000 нови вработувања во Прилеп обезбеди Владата со инвестицијата на американската компанија „Гентерм“.

Во Скопје, преку компанијата „Капкон“ ќе има 400 нови вработувања, а инвестицијата е вредна 18 милиони евра.

Најновата, денешна инвестиција е онаа на германската компанија „Костал“ во охридско-струшкиот регион, каде ќе бидат вработени 1.000 лица.

Бидејќи имаме уште само шест дена до крајот на овој месец, останува да видиме дали до самиот крај ќе се објави уште некоја инвестиција која ќе продолжи позитивно да влијае на македонската економија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.