Во последните пет години во Русија се утврдени 242.000 случаи на корупција

Во последните пет години во Русија се основани 242.000 случаи на корупција, во 2013 година за ова се осудени 3.500 лица, изјави специјалниот претставник на претседателот на Русија за прашањата на меѓународната соработка во борбата против тероризмот и меѓународниот организиран криминал, Александар Змеевскиј, по повод одбележувањето на деветти декември, Меѓународен ден на борбата против корупцијата, пренесе „ИТАР – ТАСС“.

„Русија беше една од првите земји кои потпишаа Конвенцијата на ОН против корупцијата во 2003 година и ја ратификува во 2006 година“, истакнал дипломатот во свој коментар, објавен на сајтот на министерството за надворешни работи на Русија, во кое се додава дека Москва инсистира на строгото почитување и зачувување на меѓувладиниот карактер на системот за нејзино спроведување. Змеевскиј истакнал дека искоренувањето на корупцијата е еден од главните приоритети на националната политика на Русија.