Анализи

Во последните седум месеци се регистрирано најголем број на случаи на ХИВ/СИДА

Во последните седум месеци се регистрирано најголем број на случаи на ХИВ/СИДА

За седум месеци во државата се регистрирани нови 26 случаи на ХИВ/СИДА, а моментно лица кои живеат со ХИВ/СИДА се 223. Од нив 154 се болни од СИДА, а остатокот се ХИВ позитивни. Според полот, од 1987 до 2014 година најмногу се мажи 79 отсто, а 21 отсто се жени,  додека во светот тој сооднос е 50-50.

Најголем број од инфицирани/заболени се во Скопје, а потоа се Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид, Кичево. На овие шест градови отпаѓаат 90 отсто од регистрираните случаи.

„Заклучно со денешниот ден, регистрирани се 223 случаи на ХИВ/СИДА. За седум полни месеци се регистрирани највисок број на ХИВ/СИДА во Македонија.Во Скопје има 16 случаи со ХИВ/СИДА ( 62 отсто), Куманово, Свети Николе и Кочани по двајца, а Тетово, Струмица и Штип по еден или вкупно 26 случаи,“ изјави Жарко Караџовски, специјалист-епидемиолог

Интересно е што за првпат доминира возрасната група од 20 до 29 години, втора е возрасната група од 30 до 39 години.

За првпат кај нас овие 26 случаи беа поделени во три групи согласно начинот на трансмисија на ХИВ/вирусот, притоа во 18 случаи (70%) доминираат мажи кои имаат секс со мажи, шест лица или 23% се со хетеросексуален пренос, а за две лица нема начин на трансмисија на ХИВ вирусот. Во последните три години нема регистрирано случај на пренесување на ХИВ од мајка на плод. А, во последните девет години пак нема регистрирано случај на пренос на вирусот кај лица кои инјектираат дрога.

Според специјалистот Караџовски,во Македонија ова заболување е хронично со долг временски период. Со примањето на антиретровирусна терапија, животот на овие лица може да се направи долг и да има перспектива.Годинава две лица починале од СИДА.

„Во периодот до 1999 имаше колку заболени толку умрени заради тоа што не постоеше антиретровирусна терапија, па болните лица беа третирани симптоматски, по одредена индикација. Но од 2005 до сега, многу помалку се умира, во однос на периодот пред 20 години,“ изјави Караџоски.

Просекот на возрасна група на лица заболени и инфицирани е 30 години, најстариот е 64 години,  а најмалиот на еднагодишна возраст. Регистрирани се и осум странци.

Бројот на тестовите се зголемува и во последната година надминува 20 илјади .Само 20 отсто од младите точно ги идентификуваат начините на трансмисија на ХИВ.Првиот ХИВ позитивен случај во Македонија е регистриран 1987, а првиот заболен од СИДА е во 1989, а првиот умрен истата година.

Светот со оваа појава се соочи во 1983 година.