Во поштенска пратка пронајден килограм хашиш

хашиш

Како што информира Царинската управа, на 18-ти овој месец во царинска испостава Аеродром „Александар Велики“ Скопје – отсек за стоково царинење, пристигната е пратка испратена од Словенија, за примач – физичко лице од Скопје, во која стои опис на стока –Samples (1 парче) со вредност од 20 евра.

При физички преглед на пратката, од страна на царински службеник во присуство на претставник од курирската пошта – превозник на пратката,  е пронајден хашиш смола-наркотична дрога, со тежина од 1 килограм.

Царинската управа против осомничениот ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.