Во повеќе од половината кинески градови се под смог

смог

Загадување на воздухот е регистрирано во 57,8 отсто од градовите, најмногу во северниот дел од Кина, соопшти Министерството за животна средина.

Во Пекинг каде индексот на загаден воздух е над 200 (максимум дозволена е 25 мг/метар кубен) голем број луѓе носат заштитни маски на лицата. Аерозагадувањето во Кина е причина за смрт на оклу 1,6 милиони луѓе секоја година.