Во повеќе од 60 отсто од општините има дигитален катастар

Пред повеќе од една година, Агенцијата за катастар на недвижности го означи почетокот на проектот за дигитализација на катастарските планови и нивно усогласување со базата на податоци во електронскиот катастар.

Во Македонија има вкупно 1.906 катастарски општини од кои за 417 катастарски општини е востановен катастар на недвижности врз основа на дигитални катастарски планови. Останатите 1.489 катастарски општини,катастарските планови беа во хартиена аналога форма и кои се предмет на дигитализација со овој проект.

Проектот е финансиран од Светска Банка и преку истиот времено се ангажирани 116 стручни лица, а од страна на Агенцијата се алоцирани дополнителни 120 редовно вработени лица. Главниот индикатор на успешност на проектот Дигитализација на катастарски планови, усогласен со Светска банка е до Јуни 2015 за да се постигне 70 отстотна покриеност на територијата на Република Македонија со дигитални катастарски планови мигрирани во графичкиот дел на електронскиот катастар и нивна on-line достапност до сите заинтересирани субјекти преку веб страната на агенцијата www.katastar.gov.mk.

Од страна на Владата на Република Македонија е усвоен акционен план за дигитализација на аналогните катастарски планови по квартали и истиот треба да се реализира за целата територија на Република Македонија заклучно со крајот на 2015 година.

Од Агенцијата велат дека до денеска во 1.145 катастарски општини или 60,07 отсто од вкупниот број на катастарски општини се завршени со дигитализација на аналогните катастарски планови, од кои 21,2 отсто се во завршна фаза на усогласување со базата на податоци од електронскиот катастар и за многу кратко време ќе бидат мигрирани во графичкиот дел на електронскиот катастар. Додека во 741 катастарска општина или 38,9 отсто од вкупниот број на катастарски општини или 44.44%одтериторија на РМ се комплетно завршени, усогласени и мигрирани во графичкиот дел на електронскиот катастар и истите се во секојдневна употреба.

Крајниот рок за дигитализација на целата територија на Република Mакеодoнија со дигитални катастарски планови е Декември 2015 година, прoценките на Агенцијата се дека со ова темпо на работа дигитализацијата ќе заврши неколку месеци порано.

„Еден од најбараните продукти на Агенцијата, копија од катастрски план, со воведувањето на дигиталните катастарски планови во електронскиот катастар се издава за неколку минути на шалтерите на Агенцијата, но истиот веќе е достапен и во канцелариите на приватните геодетски фирми. Заклучно со месец Јули, 25 отсто од вкупниот број на примени предмети повеќе не доаѓаат на шалтерите на АКН, туку електронски, преку електронскиот шалтер се испраќаат од страна на Нотарот, Геодетската фирма или Општината директно до вработените на Агенцијата во соодветното одделение, каде предметите се постапуваат„, вели Славче Трпески, директор на АКН.

Дигитализацијата на катастарските планови, значително ја скратува постапката за запишување во катастарот на недвижности која вклучува изработка на геодетски елаборат.

Имено, граѓанинот кој сака да изврши физичка делба на парцела, се обраќа до приватната геодетска фирма, која од својата канцеларија прибавува електрoнски извадок од дигитaлниот катастарски план од електронскиот катастар за парцелата која е предмет на делба, ги врши теренските мерења, изработува дигитален геодетски елаборат кој го проверува преку електронскиот шалтер дали е коректно изработен и ако е го потврдува и прикачува во електронскиот катастар со што му издава документ – потврда на граѓанинот со бројот на изработениот елаборат.

Граѓанинот потоа оди кај Нотарот кој ја изготвува потребната документација, електронски ја поднесува пријавата за запишување на која го прикачува дигиталниот геодетски елаборат и понатаму предметот се работи во соодветното оделение за катастар на недвижности. По запишувањето, граѓанинот новиот имотен лист може да го добие кај нотарот или геодетската фирма.

Споредбено, времето за постапување по предметите кадешто имаме дигитални катастарски плнови и целата постапка оди дигитално е двојно пократко во однос на катастарските општини кадешто катастраските планови се сеуште аналогни.Бројките кажуваа дека за постапување по ваков предмет во дигитална катастарска општина потребни се нешто помалку од 3 работни дена, додека за останатите каде сеуште плановите се аналогни, потребни се просечно 7 работни дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.