Во пожар во Аеродром повредена старица

Осумдесет и три годишна старица е повредена во пожар што избувнал вчера во населба Аеродром.

Како што информира полицијата, вчера околу 18:15 часот во Скопје, на ул.„Ангел Димовски“од засега неутврдени причини избувнал пожар во стан во Пензионерскиот Дом.

Станот целосно изгорел, а повредена била З.М.(83) која со возило на Брза помош била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош по што поради сериозноста на здравствената состојба била  препратена и задржана во Клинички Центар-Мајка Тереза.

Пожарот е изгаснат и се работи на целосно расчистување.