Во пожар во Чаир повредени седум лица, меѓу нив и три деца

Седум лица меѓу кои три деца се повредени во пожар кој околу 2 часот по полноќ избувнал во стан на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Во пожарот, сопственикот на станот, 31-годишниот Х.Ф. се здобил со изгореници од втор и трет степен на двете раце и лицето и е задржан во Ургентен центар-пластична хирургија.

Во пожар во Чаир повредени седум лица, меѓу нив и три деца
Во пожар во Чаир повредени седум лица, меѓу нив и три деца

Во пожарот се повредени и И.Ф.(66), Р.Ф.(35) и С.М.(20), кои се задржани во Ургентен центар-токсикологија, како и три деца на возраст 11, 7 и една година кои се задржани во Ургентен центар– педијатрија.

Пожарот е локализиран, а увидот кој треба да ги утврди причините за настанување на истиот, ќе се врши денес.