Во пожар во Пекинг загинаа пет лица

Во пожар во јужен кварт на Пекинг во средата утрото загинале пет лица, додека осум други се повредени, само неколку седмици откако исто така во голем пожар во кинеската престолнина животот го загубија 19 лица, пренесуваат агенциите.

Во кусото соопштене на пекиншката противпожарна служба се наведува дека пожарот во населбата Бајчjаинзи го предзвикал електричен велосипед.

Пожарот се случи и покрај тоа што градските власти на Пекинг започнаа 40-дневна кампања со цел да ја зголемат безбедноста, особено во станбените згради, откако во пожарот од 18-ти ноември, исто така, во јужниот дел од градот во квартот Дасинг усмрти 19 луѓе и осум беа повредени. Главно стануваше збор за странски работници.

Истовремено седмицава затворени се 21 лице, вклучително и пожарникари и владини службеници, поради пожар во приватен дом за стари лица во кој загинаа 38 луѓе, а се случи во 2015 година во централната покраина Хенан.

Пекиншките власти покренаа кампања истовремно со планот за разубавување на центарот на градот со кој ќе бидат затворени голем број продавници и деловни простори кои ја „загрозуваат“ убавината на кинеската престолнина. Од друга страна, противниците на оваа иницијатива тврдат дека целта на кампањата е да се истераат работниците од внатршноста кон периферијата на Пекинг.