Во пожар во штала изгореле 30 јагниња

Триесет јагниња живи изгореле во пожар кој избувнал во штала во гостиварскотро село Форино, вчера попладнето.

Според полицијата, пожарот избувнал околу 17 часот, во шталата сопственост на Љ.И.(39) од селото. Во огнената стихија која брзо се ширела, изгореле 30 јагниња и 2.700 бали добиточна храна- јонџа,сопственост на неговиот чичко А.И.(55), со кого заеднички го користеле објектот.

Штетата се проценува на близу 30.000 евра.

Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за пожарот.