Во пожар изгоре кратовска фабрика за сунѓери „Силпен“

Голем пожар синоќа околу 22 часот избил во фабриката за сунѓер „Силпен“, која се наоѓа во близина на Крива Река – Кетеново, во Кратово, јавуваат локални медиуми.

Повредени во пожарот, според објавените информации, нема, туку само е причинета голема материјална штета.

И покрај брзата интервенција на противпожарната бригада, работата им била отежната поради лесно запаливите суровини кои биле во фабриката. Првичните информации говорат дека причина за пожарот била дотраената електрична инсталација.