Во Прага уапсен Борис Перков обвинет во случајот „Шпион“

Еден од обвинетите во случајот „Шпион“, 52-годишниот Борис Перков е уапсен во Прага и доцна синоќа со авион преку Виена е донесен во Скопје, пренесува „МРТ“.

Веднаш бил префрлен во истражниот затвор во Шуто Оризари, бидејќи за него имаше меѓународна потерница.

Од 19-темина обвинети, уште новинарот Зоран Божиновски е во Србија и се чека на неговата екстрадиција.

Судскиот процес за шпионаша, прв од ваков вид во Македонија е во тек.

Според кривичната пријава лицата се товарат за злосторничко здружување,оддавање државни тајни на странски земји,уцени и измами.