Во прекин сообрачајот на патот Росоман – Прилеп

Поради сообраќајна нереќа на магистралниот пат Росоман-Прилеп кај селото Фари по 17 часот целосно во прекин е сообраќајот во двата правца, инфомираат од АМСМ.

Во несреќата која попладнево се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај тунелот по Дреновската клисура, според првичните сознанија повредени се две лица.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.