Во прекин сообраќајот кај Страцин поради запалено возило

Сообраќајот на магистралниот пат во близина на селото Страцин е во прекин. Авто мото сојузот на Македонија информира дека причина за прекинот е запалено патничко возило на патот.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива нормално без забрани.