среда, 25 јануари 2017  |  Вести денес: 2

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен

Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп - Битола - Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола, информира АМСМ.

прекин

Поврзани вести

Состојбата низ Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на „Македонија пат“.

Врнежи од снег со слаб интензитет  се бележат во Битола, Железнец и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Намалена видливост поради појава на магла од 150 – 200 метри има на патниот правец Гостивар – планински премин Стража и до 70 метри на планинскиот премин Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести