Во прекин сообраќајот на патот Ропаљце Никуштак

Во прекин сообраќајот на патот Ропаљце Никуштак
Во прекин сообраќајот на патот Ропаљце Никуштак

Поради обилни врнежи од дожд локалниот пат од село Ропаљце кон село Никуштак е во прекин, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Затворена за сообраќај денеска ќе биде и обиколницата околу Скопје поради снимањето на францускиот филм на продукциската куќа “CHIC FILMS” и „МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА“.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.