Во прекин сообраќајот на патот Велес- Градско

Железничкиот и патниот сообраќај на регионалниот пат Велес – Градско е во прекин, информираат од МВР.
Според полицијата, сообраќајот е целосно во прекин од 8.30 часот на излез од Велес,пред вливот на река Тополка во река Вардар. Таму има поголем одрон на карпа и се работи на нејзино отстранување.