Во прекин сообраќајот преку „Јасен“ поради одрони

Поради големи одрони на патот во прекин е сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку „Јасен“, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

На расчистување на одроните на терен работат екипи на „Македонија пат“.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.