четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 44

Во прекин сообраќајот Скопје-Велес и Велес-Скопје

Центарот за управување со кризи информира дека на автопатската делница на патниот правец Скопје-Велес кај месноста Кула, во краток временски период има наврнато големи количини снег што предизвикува застој во сообраќајот заради бавното движење на возилата.

прекин

Поврзани вести

Информираат дека е испратена дополнителна механизација која ќе помогне во побрзо расчистување на овој патен правец.

снег пат сообраќај

Се апелира до граѓаните да ја имаат предвид оваа информации и доколку имаат можност да се воздржат од патување по овој патен правец во наредните час до час и половина.

Дополнително ќе информираат за нормализирање на сообраќајот на оваа делница

На патниот правец дополнително се испратени патроли на сообраќјната полиција за регулирање на сообраќајот.

Најчитани вести