Во прекин сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Од АД Бетон известуваат дека поради изведување градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до село Маврово е затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца почнувајќи од 16 април.

Сообраќајот за лесни возила се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за транспорт и врски. Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку село Леуново.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.