Во прекин сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите. Во прекин за сите возила е  сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, а на патните правци Скопје-Велес и Велес-Катланово е отежнат и забавен во долга колона.

Поради големи остатоци од снег забрана за тешки товарни возила има на патнитe правци: Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, Крива планака – г.п. Деве Баир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато.

Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од Скопскиот аердодром утрово реализирани се летови кон Рим и кон Загреб. Одложени се летовите за Париз, Бергамо, Истанбул, Базел и Келн.