Во прекин сообраќајот на патот Прилеп-Ресен

Сообраќајот на патот А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола е во прекин поради појава на свлечиште. Возилата се пренасочуваат низ Битола.

Поради санација на свлечиште, патниот правец кај делницата од браната Маврово до селото Маврово ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива по постоечка девијација, согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, одобрен од Министерството за транспорт и врски.

Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку селото Леуново.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.