Во прекин сообраќајот преку мостот кон село Миравци

Поради зголемените врнежи и прелевање на водата не се одвива сообраќајот преку мостот кон село Миравци од кај селото Милетково.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека екипите на Македонија пат оспособиле влез за селото Миравци преку селото Удово.

На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар сообраќајот пак се одвива по една коловозна лента поради поголем одрон кај месноста Јанче.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози поради врнежите од дожд.