Во прекин железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција

Поради реновирање на железничката пруга во Република Србија, патничкиот железнички сообраќај помеѓу Р.Македонија и Р.Грција ќе биде во прекин до крајот на годинава.

Патничките возови кои сообраќаат на релација Белград-Скопје-Гевгелија – Солун и обратно, повеќе нема да сообраќаат на наведените  релации во горенаведениот период.