Во престрелка во болница во Њујорк ранети лекари, напаѓачот убиен (ВИДЕО)

© AP Photo/Mary Altaffer

Во престрелка во петокот попладнето по локално време во болница во њујоршки Бронкс, ранети се неколку лица, а по кусо време полицијата извести дека напаѓачот е убиен откако ранил тројца лекари.

Засега нема попрецизни информации за инцидентот кој се случил во 14,50 часот по локално време на 16-то кат од болницата во Бронкс, пренесува агенцијата Associated Press.

Весникот The New York Times, кој се повикува на њујоршката противпожарна служба извести дека во пукањето се ранети шест лица, од кои најмалку тројца се лекари.

Телевизиската мрежа NBC News јавува дека се верува оти се верува дека пукал поранешен вработен во болницата. Според непотврдени информации имал пушка и откако отворил оган се забарикадирал во зградата.

Телевизијата ABC News, пак, пренесува дека настраданите се мажи и дека набрзо во болницата влегле полицајци кои го совладале напаѓачот.

Телевизијата CNN, повикувајќи се на полициски извори, јави дека напаѓачот бил најден мртов, а во близина била најдена и една ранета жена.

Њујоршката полиција на Twitter ја алармираше јавноста дека треба да ја избегнува областа околу болницата во квартот Бронкс на адресата 1650 Гранд Конкурс.

Портпаролот на градската полиција Питер Доналд набрзо по информациите за пукањето на Twitter објави дека „Еден напаѓач почина во болницата“. Сѐ уште не познато дали дејствувал сам.

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп е запознаен со инцидентот.

Ова е втор случај на пукање во американска болница во последното деноноќие. Претходно пациент отвори оган во една болница во Лас Вегас, ранувајќи две лица, по што се самоубил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.