Во преткампањата за европските избори Макрон ја пречека Меркел која бара суверенитет на Европа

Claude Paris/Associated Press

Францускиот претседател Емануел Макрон во Марсеј во петокот ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел за да го засили својот „погресивен лак“ кон крајно десните и националистички противници на масовните и илегални доселувања коишто напредуваат насекаде во Европа, во текот на кампањата пред европските избори во неколку земји членки на Европската унија.

„Германија и Фрнција имаат ист пристап кон проблемите. Мораме да продолжиме да го градиме суверенитетот на Европа“,изјави канцеларката Ангела Меркл по средечниот пречек кој ѝ го приреди францускиот претседател Емануел Макрон во палата Фаро.

Европската унија продолжува да работи на зајакнување на својот суверенитет и ќе биде во состојба самостојно да ги решава своите проблеми, порача Меркел пред разговорите со Макрон, а директно ја пренесе телевизијата Phoenix.

„Јас сум оптимист и верувам дека можеме да одиме напред заедно, за доброто на Европа којашто ќе биде суверена, Европа којашто самата ќе може да ги решава своите проблеми. Јас, како канцеларка на Германија, морам да кажам дека последните седмици често се радував на заедничката валута, и затоа што имаме заедничка политика. Тоа нé прави посилни, ние мораме да работиме на зајакнувањето на суверенитетот“, истакна Меркел.

„Имаме неколку месеци до изборите за Европскиот парламент, и до тогаш имаме намера да направиме уште многу (на патот на реформирањеот на ЕУ). Тоа го вклучува натамошниот развој на европската економска и валутна унија, банкарскиот сојуз, зајакнување на еврозоната. Тоа го вклучува и прашањето на миграциите“, истакна канцеларката на Германија.

Двајцата челници разговараа четири часа зад затворени врати очи в очи, а потоа и со нивните тимови за многу теми како што се миграциите, заедничката одбрана, излегувањето на Велика Британија од Европската унија и иднината на еврозоната.

Меркел истакна и дека една од важните теми од разговорите со Макрон се и темата на брегзитот. Таа истакна дека би сакала да види „близок партнер“ во Лондон. „Меѓусебно сме си потребни во тоа, кога станува збор за политиката на одбраната и безбедноста“, додаде.

„Прашањето на миграцијата, добро е познато во Марсеј, како и на целото Средоземје“, оцени Макрон пред средбата. „Марсеј, со векови и пристаниште на прифаќање, тоа е првото место за разговор за ова прашање“, се согласи Меркел.

„Исто така, ќе ја разгледаме и темата за одбранбениот сојуз, треба да го продолжиме неговото развивање во атмосферата на бројните надворешно политички предизвици“, рече Меркел.

Пред почетокот на состанокот, челникот на радикалната левица Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон, ги критикуваше двајцата челници на манифестацијата „Стоп Макрон“ на која се собраа двесте приврзаници.

„Исти се и ѝ наметнуваат на цела Африка економски партнерства каде што ги укинуваат царините и го туркаат селото во сиромаштија. Двајцата подеднакви доаѓаат да се првата значакни и да ни зборуваат ‘ние сме хуманисти’, но тоа тие не се, тие се контра-хуманисти“, изјави Меланшон кој е пратеник од изборната единица во Марсеј.