ФОТО: Во Преторија откриена статуа на Нелсон Мандела

Ден по неговиот погреб во јужноафриканската престолнина Преторија беше откриена статуа на починатиот лидер Нелсон Мандела. Споменикот висок девет метри се издига пред зградата на Владата.

Во неделата првиот црн претседател на земјата беше погребан по десетдневна жалост. Тој почина на 95-годишна возраст, по долго боледување од белодробна инфекција.

Статуата беше откриена од страна на претседателот на Република Јужна Африка, Џејкоб Зума, на денешниот празник, Денот на помирувањето, што го одбележува крајот на апартхејдот, борбата на која Мандела го посвети својот живот.