Свет

Во „пријателски оган“ убиени 5 војници на НАТО во Авганистан

Во „пријателски оган“ убиени 5 војници на НАТО во Авганистан

Пет американски војници од НАТО силите во Авганистан се убиени на југот на земјата во провинцијата Забул. Како што е соопштено, смртоносниот инцидент се случил во „пријателски оган“ во текот на операцијата претходниот ден кога единицата дошла во контакт со непријателските сили.

ИСАФ соопшти дека инцидентот е под истрага . Сите пет убиени се од САД, соопштува Ројтерс.
Од почетокот на оваа година во Авганистан погинати се 36 припадници на НАТО. Според планот, НАТО-ИСАФ мисијата во Авганистан во целост треба да се повлече до крајот на оваа година.