Во Прилеп дводневен натпревар во параглајдинг

Прилеп денеска ќе биде домаќин на првиот натпревар во параглајдинг „Прилеп Опен 2014“.

На дводневниот натпревар што ќе се одржи на полетиштето Трескавец ќе учествуваат 50-тина пилоти од Балканот кои ќе ги покажат своите способности за прецизно слетување. 

Натпреварот, како што е најавено, ќе го отворат прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и американскиот амбасадор Пол Волерс.

Полетиштето Трескавец неодамна беше реновирано со нова опрема како метеролошка станица, рамки за инспекција на параглајдери, информативна табла, летниковец и патокази, обезбедени од страна на УСАИД и општина Прилеп.