вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Во Прилеп одбележани 102 години од почетокот на Првата светска војна

prilep-prva-640x427

Последни вести

Во организација на Амбасадата на Руската федерација во Македонија, општина Прилеп и на Македонско руско друштво – Прилеп, денеска со пригодна церемонија во спомен на загинатите руски војници на Германските гробишта во Прилеп, беа одбележани 102 години од почетокот на Првата светска војна, односно влегување на Русија во таа војна.

По тој повод делегација од Општина Прилеп положи свежо цвеќе и им одаде почит на загинатите руски војници. Во изјава за медиумите претставникот од Амбасадата на Руската федерација во Македонија ја истакна потребата од соработката на сите земји за воспоставување на стабилност и развој.

На овие гробиштата кои Германската амбасада ги ревитализираше во изминатите години, почиваат освен германски и руски војници и војници од Унгарија, Бугарија и од други држави.

 

Најчитани вести