Македонија

Во Прилеп почна исплатата на субвенциите

Во Прилеп почна исплатата на субвенциите

Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта тутун. Според Подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, субвенции има за сите тутунари без разлика кај кој откупувач го предале родот.

– Ланската реколта тутун беше тешка околу 25.000 тони од кои нешто повеќе од половината, 13.000 тони се од прилепско-пелагонискиот регион. За прилепските тутунари се обезбедени околу 13 милиони евра од вкупно 25-те милиони за исплата на субвенциите за целата реколта, информира Коста Дурланов од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Тутунарите се нестрпливи што поскоро да ги подигнат парите зашто, велат, сега е во ек расадопроизводството.

Според Подрачната единица, за новата реколта тутун се подигнати 11.100 бели картони или околу 1.500 помалку од лани.