Во Прилеп поднесени 135 барања за проценка на штети од невремето

Во Прилеп поднесени 135 барања за проценка на штети од невремето
Во Прилеп поднесени 135 барања за проценка на штети од невремето

По обилните врнежи од дожд проследени со силен ветар на места и град кои го зафатија Прилеп, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и претседателот на Советот на општина Прилеп, Никола Димески ги посетија селата Мало Коњари и Мажучиште кои беа најмногу погодени од невремето.

Според изјавите на земјоделците најголеми штети невремето има предизвикано кај градинарските култури, особено пиперката и зелката и тутунот.

Зафатена е површина од околу дваесет и пет хектари само во пределот на селото Мало Коњари каде дел од насадите се осигурани, а дел не.

Зафатена е површина од околу дваесет и пет хектари само во пределот на селото Мало Коњари
Зафатена е површина од околу дваесет и пет хектари само во пределот на селото Мало Коњари

Заменик министерот Костадиновски истакна дека Владата на Р.Македонија во рамките на своите можности ќе им помогне на земјоделците во надминување на штетите кое ги предизвика невремето кое го зафати прилепскиот регион.

Со цел земјоделците да се заштитат од ваквите временски непогоди заменик министерот Костадиносвки упати апел до сите земјоделци навреме да го осигуруваат родот за тековната година.

Претседателот на Советот на општина Прилеп, Никола Димески истакна дека до општината досега поднесени се вкупно 135 барања за проценка на штети од кои дваесет и пет се однесуваат на објекти а остатокот на земјоделски површини.  Димески истакна дека Комисијата за проценка на штети работи на терен и потенцираше дека рокот за поднесување на барања е до 11.08.2015 година.

По невремето кое го зафати Прилеп а најмногу штета е предизвикана во селата Мало Коњари и Мажучиште на терен излезени се и екипи од осигурителните компании со цел навремено утврдување на штетата која е настаната кај градинарските култури и тутунот.