Во Прилеп се оддржа Форум со работодавачи

Претставници од Министерство за труд и социјална политика во соработка со Локалната самоуправа денеска во Прилеп го презентираа јавниот настан Форум со работодавачи  „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот“.

Целта на настанот е да се презентираат активните мерки за вработување, да се пренесат искуствата и да се идентификуваат проблемите и потребите на бизнис заедницата, a сето тоа во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за водење бизнис и вработување на локално и национално ниво.

pp_forum (2)

Во своето излагање пред присутните Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека Владата на Република Македонија и Општина Прилеп, во фокусот на своите економски политики го има посочено зголемувањето на вработеноста, со дефинирани чекори кон повеќе целни групи. Тоа се остварува преку широк спектар на програми и мерки, преку олеснување на пристапот до пазарот на трудот, воведување на разни поволности за работодавачите.

Овој процес носи трикратен успех и за државата, за невработените лица но и за оние кои имаат потреба да вработуваат и да ги ползуваат бенефитите кои ги нуди како и вештините на идните вработени во својот работен процес и продуктивност.

pp_forum (3)

Директорката на Бирото за вработување во Прилеп Силвана Пашоска истакна дека компаниите покажале голема заинтересираност за отворање нови работни места преку мерките на Агенцијата за вработување.

Најчесто се вработуваат млади до 29 години, за кои се ослободени од плаќање на придонеси, а Александар Јованоски од одделението за локален економски развој информираше дека од особено значење е подршката и на приватниот сектор, искористувањето на можностите кои се ставени на располагање како и директната финансиска стимулација.

Настанот беше реализиран преку два работни модули и тоа: Форум со работодавачи, во рамки на кој се водеше дискусија со бизнис секторот за идентификување на потребите и проблемите на бизнис-заедницата, потребата и поволностите од активните мерки на РМ и јакнење на политиките за вработување на локално и национално ниво и Инфо средба со млади, во рамки на која се водеше дискусија со невработени млади, презентација на успешни примери од млади претприемачи, презентација на активни мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.