Во Приштина хоспитализиран пациент сомнителен на ебола

Пациент со симптоми слични на ебола е примен во текот на ноќта во болница во Приштина, објави порталот „Здравство24“, повикувајќи се на косовски медиуми.

Присуството на вирусот ебола се уште не е потврдено, бидејќи, според лекарите, потребно е да се извршат неопходните анализи.

Меѓутоа, тие велат дека симптомите биле идентични како кај заболени од ебола.

Како што пренесуваат приштински медиуми, пациентот можел да дојде во контакт со вирусот на ебола за време на престојот на аџилак.